Почнувајќи од 2020 година, бугарскиот претсдател Румен Радев мораше да назначи пет привремени влади, бидејќи последователните избори не донесоа јасен резултат и создадоа нестабилни коалиции кои брзо се распаѓаа.



На полноќ завршува предизборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија кои в недела 9-ти јуни ќе се одржат заедно со изборите за Европскиот парламент.

На изборите за Национално собрание ќе учествуваат 32 политички формации – 20 партии, еден независен кандидат и 11 коалиции и ќе се борат за 240 пратенички места.

Изборите во недела се должат на колапсот на мартовската коалиција составена од ГЕРБ, која беше на власт во поголемиот дел од претходните 15 години, и релативно новата реформска партија Продолжи со промени (ПП).

Двете партии, и двете силно проевропски, но поделени со лични ривалства и недоверба, во март рекоа дека не можат да формираат нова влада без нови избори.

Истражувањето кое вчера го објави софиската агенција Алфа Рисрч покажа дека ГЕРБ води со 25,1 отсто, а ПП освоила 15,4 отсто од гласовите. Ултранационалистичката проруска партија Препород освои 15,2 отсто, а Движењето за права и слободи, кое го претставува претежно големото турско малцинство, освои 14,8 отсто.

Во неизвесната трка, помалите партии, кои ја вклучуваат некогаш моќната Бугарска социјалистичка партија и сојузот на аграрните и конзервативните партии наречени Сина Бугарија, би можеле да влијаат на составот на следната влада.