МВР соопшти дека против 26 годишен возач од Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава, откако вчера предизвикал сообраќајка на „Партизанска“ при што со тешки телесни повреди се здобила жена.
Вчера попладне, во СВР Скопје од ГОБ „8 Септември“ е пријавено дека кај нив е донесена 68-годишната З.А. од Скопје, која била тешко повредена во сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје.
Несреќата се случила кога во жената удрило патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот В.Ј. од Скопје.
На повредената жена и биле констатирани тешки телесни повреди, по што веднаш била префрлена во ГОБ „8 септември“ за укажување лекарска помош.






