Одново е поставена спомен-плоча со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово во 2001-ва година.
Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово.
Спомен-плочата на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби.
Од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија.
Но досега венци и цвеќе се положуваат на банкината на автопатот, но и покрај ветувања од досегашните Влади – ништо не е направено.






