Пак откриени неправилности во работењето на „Дурмо Турс“

Компанијата за превоз на патници, чиј автобус се вреврте во близина на селото Ласкарци при што загинаа 15 луѓе а 30 беа повредени е меѓу фирмите кај кои се констатирани неправилности во работењето.



Во претходните три дена биле извршени 138 контроли од кои се констатирани 21 неправилност кај правните и физичките лица при вршење на превоз на патници и стоки и за сите неправилности се изречени соодветни казни.

За утврдените неправилности ќе бидат  информирани и Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство со цел нивно понатамошно постапување, соопштија од миниистерството за траспорт.

Констатирани се неправилности и изречени се казни за правните лица:

  1. Дурмо турс со седиште во Гостивар
  2. Дени интернационал со седиште во Илинден
  3. Свис мак алигега со седиште во Гостивар
  4. Зем промет – компани со седиште на ул.Босилово, бр.13, Сарај
  5. Словин Билјана со седиште во Охрид
  6. Бис со седиште во Охрид
  7. Пештер ДОО со седиште во Скопје – Чаир,
  8. Димитриоски со седиште во Скопје – Гази баба
  9. Хисари-ГД со седиште во Дебар
  10. Инком бизнис со седиште во Куманово,
  11. Палас експорт -импорт од Гостивар,

Исто така беа констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.

Воедно, Министерството за транспорт – Државен инспекторат за транспорт преку сите државни инспектори, од Понеделник 24.03.2025 година согласно донесениот Акционен план за инспекциски надзори при превоз на патници и стока, ќе спроведува секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување на нелегален превоз.