Тоа се случи во време кога здравствените власти продолжија со вакцинацијата против детска парализа за уште десетици илјади деца во енклавата, објави Ројтерс..



Во Нусејрат, еден од осумте историски бегалски кампови во Газа, во израелски воздушен напад загинаа две жени и две деца, додека уште осум лица беа убиени во два други воздушни напади во градот Газа, соопштија медицинските лица.

Останатите беа убиени во последователните напади врз енклавата.

Единаесет месеци по почетокот на војната, и покрај бројните дипломатски шатлови, сè уште не е постигнат договор за прекин на огнот, а многу заложници остануваат во заробеништво.