Во полиција вчера пак биле пријавен случаи на вработени од Непал кои не се појавиле на работа и кои го напуштиле местото на живеење, без да ги предупредат и без да ги информираат за причините газдите на фирмите во кои работеле
Во првиот случај, В.М.(34) од Свети Николе, сопственик на приватна фирма, пријавил дека 5 негови работници од Непал, со привремен престој во Свети Никола, на возраст од 27-38 години, ја напуштиле државата.
Во Берово Д.В.(44) , раководител во приватна фирма во Пехчево, во полиција пријавил дека 38-годишен Непалец вработен кај него го напуштил местото каде што престојувал.
Бегањето на Нелаци кои се вработени во Македонија станува се поприсутен.






