„Вреди ќе се соочи со политички отпор на ДУИ, која нема да дозволи државата да излезе надвор од шините на Западот, ниту ќе молчи на политиките на владата“ – овие најнови закани кон владејачката коалиција, предводена од ВМРО ДПМНЕ, а пооделно и кон коалицијата Вреди, ги упати потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми во истапувањето во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ 21. Пред Адеми лидерот на ДПА Мендух Тачи навести некаква „етничка и политичка дестабилизација на * Македонија“, а пред пет дена на седницата на Генералниот совет на ДУИ и Али Ахмети се закани со некаква „демонстрација на незадоволство“.
ТВ 21 пишува: „Демократската унија за интеграција како предводник на Европскиот фронт се уште не открива во каква форма ќе го ‘демонстрираат своето незадоволство’, како што предупреди лидерот на интегристите Али Ахмети, заради противодговор на непочитувањето на волјата на Албанците. Потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми за ова во емисијата „Дејли Клик“ рече дека нема да молчат кон политиките на оваа влада, ниту ќе дозволат да излезе државата надвор од шините на Западот.“
Што се размислува во ДУИ? Политички отпор најави и Мендух Тачи, лидерот на ДПА како дел на Европскиот фронт.
Арбер Адеми појаснува дека ДУИ и Европскиот фронт планираат да ги сензибилизираат граѓаните и да ја кренат колективната свест. За таа цел, првиот чекор ќе биде собирање на сите структури на ДУИ на 13 јули, почнувајќи од локалните совети до претседателот на партијата. Според Арбер Адеми, ќе бидат разгледани политичките околности и ориентации, кои ќе треба да ги има ДУИ во блиска иднина.
.





