Огромна колона автомобили е заглавена на влезот во Грција откако „паднал“ системот на граничниот премин Евзони, пишуваат српски медиуми.



Српски туристи од граничниот премин во Фејсбук групата „Грчка инфо“ јавуваат дека кај Евзони во моментов се чека три и пол часа, а ништо подобра не е состојбата и на „алтернативниот“ премин Дорјан, каде возилата се задржуваат еден час помалку.

Според нивните информации, наводно системот немало да биде во функција до вторник!?