На повисоките делови од Скопје веќе се создава снежна покривка. На скопско Водно, веќе има неколку сантиметри снег.
Снег падна и во Делчево и околните села, но снежната покривка е минимална.
Внежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.
Сообраќајот на патниот правец Кратово – Пробиштип е во прекин за тешки моторни возила oд 07:00 часот утринава поради наноси од снег, информира АМСМ.
Според УХМР, временто денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремен локален дожд, а на планините и на некои повисоки места повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи во интервал од -1 до 14 степени Целзиусови.
Во Скопје променливо облачно и постудено со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.






