Грчкиот претседател пак ја прозва Македонија да се откажела од „лизгавиот пат на (…) фалсификатор на историјата што ја поткопува нејзината европска ориентација” и да го почитува меѓународното и европското право.
„Инсистирањето на употребата на името го открива иредентизмот“, продолжи Прокопис Павлопулос и потсети дека европското законодавство исклучува европска интеграција на државите кои на било кој начин го оспоруваат статускво-то на постоечките граници, пренесе вечерва „Катимерини“.
На 105 годишнината од ослободување на гратчето Сиатиста од тогашното османлиско царство, тој ги осуди изјавите на турските власти за наводното, како што пренесува „Катимерини“, турско малцинство во Грција и рече дека овие изјави кои директно го кршат Договорот од Лозана, се „невидени, неприфатливи и се отфрлаат“.
Околу изјавите од Турција дека Грција нема право да ги брани Додеканезите, група од 12 острови во Егејското море, Павлопулос директен дека „Грција има апсолутно право и обврска да ги брани своите острови сè додека постои закана“, и потести дека островите не се само грчка туку и европска територија, со напомена дека Грција го подржува европскит курс на Турција, но не и опасните закани во регионот.
На истата бранова должина беа пораките до соседна Албанија и проблемите на грчкото малцинство со уривањето на куќите во села каде има грчко малцинство, потсетувајќи на аспоирациите на Тирана за ЕУ со флоскулата „ние ја поддржуваме европската перспектива на земјата“.





