Грчкиот претседател изјави дека Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) мора да го промени својот устав ако сака да се реши спорот за името со Грција, јави „Катимерини“.
Во коментар даден денеска, за време на посетата на неговиот грузиски колега, Магвелашвили, во Атина, Прокопис Павлопулос рече дека Атина ќе ги поддржи амбициите на ПЈРМ да се приклучи кон Европската унија и НАТО, под услов балканската држава да се откаже од сите иредентистички тврдења вклучени во нејзиниот устав.




