О Џеј Симпсон ќе биде пуштен предвреме од затворот во Лавлок, Невада, на 1 октомври. Некогашната ѕвезда на НФЛ и на Бафало, патем и актер во неколку мега хитови, добил шест гласа од Комисијата за гаранциите и ќе биде условно ослободен по издржување на 9 години од 33. колку што му беа пресудени за вооружен грабеж. Инцидентот се случи на 15. септември 2007 година, кога беше уапсен за незаконски упад во продавница, за земање заложници и поседување на огнено оружје без дозвола. О Џеј е зад решетки од 2008. година.



“Тоа беа мои пријатели кои ми помогнаа да ги преселам предметите до хотелот. Никој не ме обвини дека сум се заканувал. Никогаш не сум украл, ниту сум извадил оружје на човек во својот живот”, и рече Симпсон на комисијата при сослушувањето. Тој наполни 70 години пред две недели.

Во 1994. година Симпсон беше уапсен за убиството на неговата поранешна сопруга Никол Браун-Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман. Иако година дена подоцна тој беше ослободен по спектакуларниот судски процес, граѓанскиот суд подоцна го прогласи за виновен за предизвикување смрт од небрежност и го осуди да им плати отштета од 33 и пол милиони долари на семејствата на жртвите што не се случи до ден денешен.

Иако официјално прогласи банкрот Симпсон го очекуваат повеќе од 2 милиони долари кога ќе излезе на слобода. Тоа е пензијата која ја добива како поранешен играч во НФЛ лигата.