Жестока оценка на новинарот и политички аналитичар Ивор Мицковски за актуелниот министер за здравство Арбен Таравари кој заминува од владата и оди во друштво со ДУИ.
Според Мицковски потегот на Таравари по една од најголемите трагедии во македонската историја покажува дека тој во политиката влегол како месар не како доктор.
,,Гледате ли зошто Македонија нема здрава политика.
Еден пример!
Не навлагам што Таравари ќе добие, што ќе изгуби и какви калкулации има со излезот од Влада која има тотален легитимитет да истера мандат, но нешто друго е далеку поголемо и поважно.
Настрана што не трујат со нивните ниски дневнополитички и тендер-коалициски логики, ама да напуштиш Влада од позиција на Министер за Здравство после една од најголемите трагедии каде изгубивме цел град млади луѓе, и да не ја довршиш работата, да не доследиш што треба, значи дека ти во политика си влегол ко месар, не ко доктор”, пишува Мицковски.
Според Мицковски Таравари си потпишува политичка смрт со тоа што ќе шурува со ,,најголемите криминалци на светот од дувлото ДУИ, едни од најодговорните за општата катастрофалност на државата”.
,,Не дека актуелниве Вреди се нешто бољи, не дека коалицијата е сјајна, не дека ВМРО не се изгуби, ама сепак, да отидеш по ДУИ – ти брат не си добар.
Потфли како политичар, ама уште пострашно, ова е потфрлување како човек”, заклулува Мицковски.






