Вода. Животна течност, нашата прва лулка, вечна утеха и лек. Има нешто што те смирува кога гледаш во ова бесконечно синило, што те прочистува и доближува до возвишените нешта.
Охрид и неговата чудесна енергија се божјо дело и жив споменик на човештвото.



Охридското крајбрежје е надалеку прочуен туристички центар со автентични специјалитети. Но сепак трагајќи по вкусната храна морав да дознаам каде се спрема Ѓомлезето на древен начин. Некогаш закуска за аргатите, а денес – врвен специјалитет!

Неможам да се изначудам на бистрината на водата, чиниш може да се види дното дури и во неговите најдлабоки делови, кои достигнуваат безмалку тристотини метри. Овие води вријат од живот на главно ендемски видови како езерскиот сунѓер, планктонот, Oхридска јагула Охридска пастрмка и…
Дали знаете ли што ги поврзува Охридското и Бајкалското езеро? Двете се најстари на светот, имаат воодушевувачка убавина и… една малечка рипка која живее и во двете. Латински Alburnus alburnus, по Охриски – плашица.
Велат Охрид има 365 цркви. За секој ден од годината по една.
Овде, апостолот Павле христијанството го проповедал во I век од нашата ера.
Охрид е една од најстарите човечки населби во Европа со археолошки наоди од периодот на Неолитот. Бројните наоди на материјална култура стара и со старост и до 5000 години, го прават вистински бисер за археологијата.