Охридскиот бренд што ги понижи гигантите „Тинекс“, „Веро“, „Кам“, „Стокомак“ и „Кипер“

Со посебна грижа кон вработените охридскиот трговски ланец Тамаро ги понижи гигантите Тинекс, Веро, Стокомак, Кам и Кипер.



Иако наведените гиганти во трговијата вртат многу поголеми пари и профити од релативно малата охридска компанија досега не сме чуле дека некоја од овие големи фирми да награди свои вработени како што тоа го стори Тамаро.

Тамаро изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со ПОДАРОК автомобили и паричен ваучер!

Кои се тројцата што добија неочекуван подарок од Тамаро:

Билјана Стевановиќ

Билјана е дел од Тамаро фамилијата – 22 години. Таа започнала со работа во 2003 година, на позиција агент за продажба, за подоцна да биде унапредена во материјален книговодител. Следната позиција била прв менаџер на Тамаро 7 хипермаркетот, каде подоцна ја замени Благица Ситникоска. Во моментов, Билјана е главен менаџер за продажба во Тамаро. Умешноста и вештините на Билјана се одразија на успехот и на Тамаро. Секогаш навремена, прецизна и преку нејзините обуки многу луѓе станале успешни и вредни работници.
Компанијата Тамаро и доделува автомобил како ПОДАРОК!

Билјана Лолеска

Во Тамаро Билјана е цели 23 години. Таа започна со работа во 2002 година, на позиција агент за продажба, а во моментов е главен менаџер на АМ магацинот во склоп на Тамаро. Лидерските способности, колегијалноста, истрајноста, лојалноста се само дел од нејзините вештини со кои многу луѓе ги обучила да станат вредни и одлични работници.
Компанијата Тамаро и доделува ваучер од 7000 евра.

Горан Манев

Во Тамаро, Горан започна во 2003 година. Веќе е дел од тимот 22 години!

Тој започна на работна позиција магационер, додека неговиот успех во работата го донесе да биде главен магационер на замрзната роба во комори. Сега работи како контролор на прием на роба во АМ магацинот, како и ускладиштување на робата.

Горан секогаш бил достапен и лојален кон компанијата. Личност која во секое време излегла во пресрет за доброто на Тамаро. Неговата љубов кон Тамаро и посветеност кон работата заслужено го донесе до ПОДАРОК автомобил!

,,Честитки за вработените од менаџментот на Тамаро и им посакуваме на сите останати вработени многу успех во работата и долги години стаж”, пишува во пораката од менаџментот на компанијата.

Најчитани статии

Вицепремиерот Стоиљковиќ му се извини на ДУИ: Во право сте, неспособен сум да крадам како вас