Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Еванелос Венизелос, се јави со свое мислење за спорот околу името на северниот сосед.



Малкумина го паметат Венизелос (1957) како министер за финанси (2011-2012) заменеик претседател на влада и министер за надворешни(2013-015) и лидер на ПАСОК од 2012 година. Во претходниот век, потомокот на кланот Венизелос на грчката политичка сцена, во неколку наврати беше и мистер за правда, министар за култира (два пати) и министер за развој…

Во напис на неговиот веб-сајт, што го пренесуваат грчки медиуми, Венизелос, лидер на некогаш владејачката а сега вонпарламентарна партија ПАСОК по оставката на Јоргос Папандреу, се пресметува со „неодговорноста“ на актуелната власт во Грција во однос на прашањето на името на ПЈРМ.

„Етничката и уставна неодговорност без преседан го карактеризира ставот на владата за надворешно-политичките прашања“, вели поранешниот претседател на ПАСОК, и забележува дека постои „заобиколување на Уставот“..

Писанието на Венизелос доаѓа само еден ден по реакцијата на неговиот претходник и сопартиец Јоргос Папандреу околу „скопското“ прашање…

На неговата лична веб-страница, evenizelos.gr, Венизелос ја критикува институционалната апсурдност” што била во спротивност со Уставот на Владата, во врска со нејзиниот став кон прашањето за името на ПЈРМ“.

Во опсежната статија која се повикува на членови од грчкиот устав (неразбирлива и неинетерсна за нас – н.з.) Венизелос вели дека „Владата ја утврдува и насочува општата политика на земјата во согласност со дефинициите на Уставот и законите”. Основно поглавје од општата политика на земјата е надворешната политика и, пред сè, управувањето со таканаречените национални прашања.

Но, вели тој, „Владата сака, како што стојат работите, без внатрешно политичко единство, да ја претставува земјата, да преговара, да се согласи, а потоа да ја повика опозицијата да го пополни политичкиот вакуум на владата со гласање“ за тоа што двата коалицини партнери не се согласуваат.

Венизелос, всушност, реагира на неоглсувањето на Сириза и на помалиот коалиционен партнер Независни Грци дали (сложеното) име на северниот сосед треба да содржи збор „Македонија“.

Венизелос, предупредува дека институционалната апсурдност во грчката влада е уште поголема во моментумот кога „во Скопје има нова влада со активно учество на најголемата албанска партија, можниот договор помеѓу Белград и Приштина(?!) и што би значело албанското население во Западен Балкан, договорот Софија-Скопје и следниот самит на НАТО…“