Кога би се открил нов витамин кој ќе ни помогне да живееме подолго, ќе не штити од срцеви удари и ќе лечи депресија сите би сакале да го земеме, всушност постои таков витамин и се вика, витамин М. Односно витамин „домашни миленичиња“
Поседувањето на домашно милениче носи бројни здравствени придобивки.Ова е добра вест особено за Американците, бидејќи во американските домаќинства има повеќе домашни миленичиња од деца- повеќе од 50 милиони кучиња и 50 милиони мачиња.

Сите знаеме дека техниките како јога и медитација можат да понудат големи здравствени придобивки преку намалувањето на стресот. Тие се одлични, но дали знаете дека и друштвото на кучињата може на сличен начин да ве ослободи од стресот и да имате од него други здравствени придобивки.
Голем број на студии покажуваат дека кучињата можат да понудат подобра друштвена поддршка и намалување на стресот, па дури и повеќе од што може да ви понуди семејството или некој пријател.
Ново истражување дури покажува дека поседувањето на домашно милениче ги намалува и нивоата на хормоните за стрес како адреналин и кортизол, го подобрува имунолошкиот систем, го зголемува чувството за доверба во другите , ја намалува агресијата, ја подобрува емпатијата и го подобрува учењето.
Всушност овие здравстени придобивки се чини дека се предизвикани од зголеменото ниво на окситоцин, хормон од хипофизата кој се ослободува веднаш по секс исто како и при доење на новороденче, што помага да се создаде врската мајка-дете.

Ако сте љубител на животните и имате едно крзнено пријателче во домот невозможно е да бидете нерасположени, кога вашето кученце ќе ја пикне главата меѓу вашите колена и неодоливо ќе ве погледне. Некои студии покажуваат дека чувањето куче подобро го регулира крвниот притисок и од од лековите.
Ова се некои од здравствените придобивки од друштвото на кучињата:
– Ја зголемува долговечноста по срцев удар.
– Го намалува нивото на холестерол и триглицериди
– Го регулира крвниот притисок.
– Ја намалува аритмијата
– Ја подобрува функцијата на крвните садови
– Ја зголемува физичката активност.
– Предупредува на хипергликемија.
– Ја намалува депресијата.





