Откриена отровна хемикалија на граница во Хрватска во зеленчук од Македонија

Во зелка од Македонија која требало да заврши на хрватскиот пазар откриени биле остатоци од пестицидот имидаклоприд што е забранет во ЕУ, јавиле хрватските медиуми. 0,029 мг/кг супстанца била пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, јавија хрватските медиуми.



Според нив, тоа се случило на хрватската граница, па инспекторите веднаш наредиле да се уништи целата пратка свежа зелка од Македонија.

Со одлука на Комисијата на ЕУ, забранета е употреба на имидаклоприд на сите култури што се одгледуваат на отворено.

„Токсичноста на имидаклоприд се зголемува со периодот на изложеност, како и со дозата, што е опишана како „временска кумулативна токсичност“, и тоа не треба да се разбере само од аспект на акутната смртност, туку треба да биде и хроничен аспект“, се вели во одлуката на Комисијата на ЕУ, пренесуваат хрватските медиуми.