Откако Филипче порача дека „сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата“, Чупеска побара одговорност! (ВИДЕО)

СДСМ не почека да помине денот на трагедијата во Кочани со 59 загинати и 115 поцредени, па откако утрово лидерот Венко Филипче во соопштение за јавноста порача дека „сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме“, потпретседателката Ана Чупеска на прес-конференција доцна попладнето побара одговорност.



Таа директно го впери прстот во министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за на крајот од обраќањето (на видеото) да апелира „до сите, немојте да го политизирате случајот, тоа е ужасно пред сè за оние кои тагуваат по најблиските“.