Откако Пендаровски го ,,пушти низ вода” СДСМ отвори нови дилеми за аферата ,,Израелски ПР гуру”

Откако претседателот Стево Пендаровски вчера со изјавата дека на партиска средба се сретнал со консултант на Бихаќка кој никаде не е пријавен го ,,пушти низ вода” СДСМ отвори нови дилеми за аферата ,,Израелски ПР гуру”.



Една од дилемите е поврзана со прашањето е дали тие консултантски услуги е само во делот на стратегии или можеби влегуваат и во изборни активности кои што се работ на законот, прашува денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Тој на Пендаровски и СДСМ им поставува низа интереси прашања:

▪️На кој начин е овој контроверзен консултант ангажиран?
▪️Уште колку лица заедно со него се ангажирани?
▪️Колку чини неговиот ангажман и кој го плаќа неговиот ангажман?
▪️Од која сметка се плаќа неговиот ангажман?
▪️Дали се плаќа од сметката на СДСМ, и ако е така зошто го нема во ревизорските извештаи на СДСМ?

Николовски прашува дали доколку израелскиот ПР експерт е ангажиран за изборната кампања на СДСМ, дали се свесни во СДСМ дека прават кривично дело, имајќи во предвид дека изборните сметки се уште не се отворени и не можат да се преземаат финансиски активности поврзани со изборите.

,,Дали можеби има договор со некоја државна институција и на тој начин е ангажиран, или можеби најлошото дали е можеби платен од некоја странска држава која што сака да направи услуга на СДСМ и на Стево Пендаровски”, вели Николовски.

Николоски додава дека според негови сознанија во последните 20 дена 3️⃣ пати Асаф Исеин престојувал во Македонија на по неколку дена, што значи дека последните 20 дена најмалку 10-тина дена бил присутен во Македонија.

На оваа тема Пендаровски и СДСМ треба да отворат и на следниве прашања:

▪️Колку пати се сретнал со Стево Пендаровски,
▪️со кој друг се сретнал од СДС,
▪️што за нив ќе прави, колку чини неговиот ангажман,
▪️кој го плаќа неговиот ангажман и
▪️ зошто го нема во ниеден извештај на СДСМ?

Дилемите кои ги отвори Пендаровски по признанието дека се среќавал со Израелецот ги опфаќаат и следниве прашања:

▪️ како е возможно лице кое е ангажирано од политичка партија да остварува средби со претседател на држава во службени простории на претседателот на државата и
да одговорат и СДСМ и Стево Пендаровски

▪️ кои се другите лица по потекло од Хрватска и Романија кои доаѓаат со него и на кој начин тие се ангажирани.

,,Почитувани пријатели, на раб сме на огромна афера, огромен скандал кој во себе вклучува потенцијални изборни нерегуларности и нелегално финансирање на изборна кампања. Очекуваме одговори и очекуваме надлежните институции да се позанимаваат со ова прашање”, вели Николоски.