Денеска заедно со министерот Тимчо Муцунски и високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас го отворивме првиот дијалог во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана МК – ЕУ, објави на социјалната мрежа Фејсбук министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Ова партнерство ни овозможува да ја зацврстиме нашата заедничка безбедност и заеднички да продолжиме посветено да работиме на развој на меѓусебната одбранбена соработка.
Денешниот настан е значаен не само за Македонија, туку и за целиот регион, бидејќи ни овозможува да ја унапредиме нашата соработка со ЕУ во области кои се од критична важност за националната и европската безбедност.
Благодарност до Европската Унија која нè поддржува во развојот на македонските одбранбени капацитети.
Сигурен сум дека со оваа партнерска соработка ќе продолжиме да градиме силен и стабилен регион, кој е способен да се соочи со сите предизвици, пишува Мисајловски во својата објава.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fmisajlovskivlado%2Fposts%2Fpfbid02Y1pVjni1DyYNURLVtf2ZoN7TvyzHPWncLC2Q7sGvuzErK2VNDLr2b3NehdXAiaujl&show_text=true&width=500






