Македонскиот енергетски сектор се наоѓа на значајнапресвртница, растргнат меѓу долгогодишната зависност одфосилни горива и императивот за усогласување соглобалните трендови на одржлива енергетска транзиција, смета професорот Зоран Панов, шеф на Катедрата за површинска експлоатација на Природно-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“. Според него, покрај јасната стратешка насока кон интензивирање наупотребата на обновливи извори на енергија и интеграцијасо регионалните и европските енергетски пазари, јагленотсè уште има важна улога како стабилен и достапен извор набазна енергија во тековниот период.
„ Оваа ситуација ќе потрае сè додека не се создадесоодветна инфраструктура која ќе гарантира долгорочназелена одржливост на енергетскиот систем. АД ЕСМ имадефинирана стратегија за постепено намалување назависноста од увозен јаглен, кој се покажува како економскинеповолен. Оваа цел може да се постигне преку активирањена домашните резерви, чие постоење е потврдено содетални геолошки истражувања. Во овој контекст, рудникот„Живојно“ во моментов се наметнува како најбрзо и најекономично решение за обезбедување стабилно домашнопроизводство на електрична енергија. Поради ова, одисклучителна важност е да се воспостави ефикасенинституционален одговор кој ќе ги усогласи краткорочнитеенергетски приоритети со долгорочните цели за климатскаодржливост“- вели Панов.
Според експертите, во моментов, нашата држава сè уште нерасполага со доволно развиена инфраструктура запроизводство на базна енергија од обновливи извори. Ова гоправи јагленот привремено незаменлив елемент вонационалниот енергетски баланс.
Следствено на тоа, нагласува Панов, експлоатацијата надомашниот јаглен од идниот рудник „Живојно“ во следнитегодини треба да се гледа како рационален и одговорен чекорво преодната фаза кон целосна зелена енергија. Овојпристап овозможува постепено намалување на зависностаод увоз и обезбедува енергетска стабилност во периодотдодека земјата ги развива своите капацитети за обновливиизвори на енергија.
АД ЕСМ вчера информираше дека проектот „Живојно“ бил тема на работната средба помеѓу генералниот директор Лазо Узунчев и градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски. Тие се согласиле дека увозот, односно набавката на јагленкако енергенс за потребите на термоелектраните „Битола“ на краток и на среден рок е неодржливо решение со огледдека и до 200 камиони дневно натоварени со овој енергенстранзитираат преку патната инфраструктурата на ОпштинаНоваци. Во тој контекст тие споделија став деканајоптимално решение за ослободување од зависноста одувезениот јаглен е искористување на потенцијалите одлокалитетот Живојно кој во преодниот период коненергетска транзиција може да биде клучен за целоснанезависност на АД ЕСМ во обезбедувањето на погонскогориво за термоблоковите.
„Во перспектива, тоа ќе придонесе кон енергетскатанезависност, намалување на цената на електричнатаенергија, минимизирање на увозот на електрична енергија изајакнување на финансиската стабилност на АД ЕСМ која ќеобезбеди средства за нови инвестиции во обновливи извории во паметни еколошки решенија за заштита на животнатасредина“, подвлекоа од ЕСМ.







