Осум возила зафатени од пожар во Кисела Вода

Едно возило целосно изгорело, а седум биле зафатени од пожар кој се случил ноќеска во скопската населба Кисела Вода, соопшти полицијата.



Денеска (10.03.2025) во 01:05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар во патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р. (23) од Скопје.

Во пожарот делумно биле зафатени и уште седум патнички возила: „Сузуки“, сопственост на Х.С., „Опел“, сопственост на правен субјект, „Шевролет“ сопственост на Т.А., уште едно „Шевролет“ сопственост на А.Ш., „Фиат“ сопственост на правен субјект, „Шкода“ сопственост на Ј.Ј. и „Хјундаи“ сопственост на П.Ш., сите со скопски регистарски ознаки, информираа од МВР