Осуден на смрт директорот на Bank of China

Кинескиот суд го осуди на смрт извршниот директор на една од најголемите банки во светот, Bank of China – Лиу Лианг.



Сепак, му се дава 2 години одложување во кое казната нема да се отслужи доколку добро се однесува во затвор, јави Ројтерс.

Лианг е осуден за поткуп во износ од 121 мл. јуани (17 милиони долари) и нелегални заеми за 3,3 милијарди јуани (462 милиони долари). Целиот имот ќе му биде конфискуван.

Осуденикот е еден од највисоко рангираните кинески банкари и стана жртва на големата антикорупциска кампања во финансискиот сектор што ја започна претседателот Кси Џинпинг во 2021 година.

Пред него беа осудени уште двајца финансиски службеници.

На почетокот на оваа година, Кси Џинпинг вети дека ќе ја зајакне борбата против корупцијата во финансиите и енергетиката и дека нема да има милост кон никого, иако во средината на 2022 година прогласи победа во борбата против корупцијата.