Кренар Џафери, кандидат за пратеник на партијата Демократски сојуз на Косово на тамошните парламентарни избори, закажани за 9 февруари, го нападна остро сегашниот косовски премиер Албин Курти, кој е едновремено и лидер на тамошната владејачка партија Ветвендосје (Самоопределување), дека се меша во внатрешните работи и на Република Македонија, создавајќи „политичка партија во оваа соседна држава“ и „водејќи политика на поделба“. Изјавата на Кренар Џафери, магистер-експерт за градежништво, наиде на поширок публицитет во регионот и беше пренесена од низа медиуми на албански јазик, меѓу кои и ТВ Клан Македонија. Тој е висок функционер на Демократскиот сојуз на Косово и член на Генералниот совет на оваа партија. Во 2020 година бил политички советник во кабинетот на тогашниот советник за инфраструктура и животна средина на Косово Лумир Абдиџику.
Во својата информација ТВ Клан Македонија објави: Кренар Џафери, кандидатот за пратеник во Собранието на Косово од редовите на Демократскиот сојуз на Косово, се осврна на односот на Косово со Албанија, Црна Гора и * Македонија.
Тој рече дека Албанците со четворица премиери во регионот, колку што ги имаа во одреден период лани, никогаш досега немале поповолна позиција, за да бидат претставувани. Но, според Џафери, „ова не било искористено за да се обезбедат нови признанија на Косово како држава“. „Наместо да промовира обединување меѓу нив, Албин Курти создаде политички партии во сите овие земји, во Албанија, Црна Гора и * Македонија, и водеше политика на поделби меѓу нив. Дух на поделби го карактеризира Албин Курти, а не дух на обединување.“ – посочи Кренар Џафери во својата изјава.
Остар напад од високиот функционер на Демократскиот сојуз на Косово Џафери кон Курти дека се меша во внатрешните работи на Македонија
Остар напад од високиот функционер на Демократскиот сојуз на Косово Џафери кон Курти дека се меша во внатрешните работи на Македонија





