Доцна синоќа со објава на фејсбук, потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска објави дека поднесува оставка.
Претходно вчера неколку партиски функционери и членови поднесоа оставки.
Лукаревска додава дека на отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија како и за нашата немост за успешните политики кои ги спроведовме во исклучително тешки услови предизвикани од светските кризи.
Го презедовме товарот и на тешките политички одлуки. Но, тоа е СДСМ на кого државата, нејзината стабилност и иднина секогаш му биле пред сė и над сė. Така било. Така мора и да остане.
На Македонија и е потребен СДСМ. Што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме. Јас верувам во СДСМ, а уште повеќе во неговата сила да се реформира, да се обедини и да се подготви“ напиша лукаревска.
Таа упати честитки на победникот и на сите 120 пратеници во објавата на Фејсбук.





