Иако имаше мандат до март 2025 година, Муамед Сејдини вечерва се повлече од функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поднесувајќи ја оставката до Управниот одбор веднаш по победата над Фарски Острови во Лигата на нациите, кога својата одлука им ја соопштил на репрезентативците во соблекувалната.
Вонредно изборно собрание е закажано за 22 декември, кога ќе биде познат наследникот на Сејдини, а фаворит за тоа е бизнисменот и поранешен фудбалер Масар Омерагиќ, кој беше кандидат за првата фотелја во „куќата на фудбалот“ и во 2008 година.
Повлекувањето на првиот човек на ФФМ е кулминација на превирањата во последните месеци, откако десет члена на УО со потписи побараа итна седница за разрешување на проблемите во македонскиот фудбал.






