Судскиот совет се подготвува за итна седница по оставката на вд претседателот на Кривичен суд Стојанче Рибарев, јавува порталот досие.ком.мк.
Според порталот кој е добро упатен во судските прашања се уште не се знае како ќе постапи советот откако Рибарев замина од функцијата и од судот со оправдание дека е на боледување.
Рибарев засега не дава никакво јавно образложение но неофицијално порталот дознава дека тој не можел да ги издржи притисоците во судот од таканаречени „заинтересирани странки“.
Иако е најголем суд во државава каде се судат најтешките предмети и предметите на СЈО Кривичниот суд Скопје 1 долго време е без прв човек по смената на Владимир Панчевски лани во декември .





