Османи ја покани на дуел противкандидатката, Силјановска – Давкова смета дека 61 пратеник ги исклучува само криминалците

Повикот на кандидатката за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, партијата да освои 61 пратеник на парламентарните избори, според кандидатот на Европскиот фронт за претседател Бујар Османи е повик за исклучување на другите заедници од најважните одлучување во Македонија.



Тој денеска ја повика на дуел за да ги соочеле програмите и аргументите.

Таа ги појасни пораките, на што се мисли кога се зборува за 61 пратеник:

„Господине Бујар Османи, 61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ кои се спремни да продадат сè, за да си ја зачуваат фотелјата и да продолжат да уценуваат, мислејќи дека така ќе се спасат од одговорност за криминалот и штетата што ѝ ја нанесоа на државата“, вели Силјановска Давкова.