Министерот за надворешни работи Бујар Османи јавно го крши законот за лични податоци при што жртви се стотици граѓани.
При неговите сликања по амбасадите во Брисел, Минхен, Берлин и Берн каде се фали дека доделува пасоши на македонски граѓани Османи е фатен на фотографија како има увид во лични податоци со што и тој што му дозволил да влезе во дата базата и Османи прават кривични дела.
Османи сам објавува докази за неовластен пристап во затворен информационен систем кој обработува лични податоци на македонските граѓани поради што доколку законите важат за сите граѓани треба да биде истражен од Јавното обвинителство.
Освен овластени службени лица никој друг не смее да има пристап и да гледа лични податоци на граѓани без разлика дали се наоѓаат во амбасади или во институции.
 
             
		






