Кандидатот за претседател, Бујар Османи вчера истакна дека добил информација дека „во следните 48 часа може да дојде до голем конфликт на Блискиот Исток  и дека светот е пред трета светска војна.



„Пред три минути издадов изјава како МНР и ги предупредив луѓето дека во следните 48 часа може да има многу голем конфликт на Блискиот Исток и им препорачав на сите наши луѓе доколку се на Блискиот Исток каде било во близина на Иран и Израел веднаш заминете од тој простор, бидејќи предупредувањата од НАТО се дека таму се очекува широк конфликт“, предупреди Османи.

Османи рече дека евентуален конфликт на Блискиот исток, заедно со руската агресија во Украина, значи дека никогаш не сме биле поблиску до Третата светска војна.

Османи додаде дека нуклеарното оружје станало главна тема и, како што вели, ова не го кажува за да ги плаши луѓето туку за да ги информира.Телеграфи