Османи: Со Ахмети ќе го уривам последното упориште на етничкиот монопол на Македонците – претседател на Р*М!

„Ако гласаат Македонците само според етничка чинија и на овие избори, тогаш според Бујар Османи нема надеж дека претседателот на државата може да биде извор на решенија за проблемите во државата. Во тој случај, како што вели Османи, Албанците нема да имаат потреба да бидат алиби во еден чисто етнички процес, кој е и исклучувачки. „Оценивте дека Албанците немаат квалитети, што е шовинистичка теза. Еве еден албански кандидат за претседател. Но, ако тој не помине, тогаш ние нема да имаме причина да учествуваме во такви политички игри, кои немаат ништо инклузивно, опфаќачко. Оттука бараме претседателот да се избира во парламентот со двотретинско мнозинство од гласовите и со двојно мнозинство.“ – овие ставови, кои ги изнесе синоќа Бујар Османи, министер за надворешни работи и кандидат за претседател на државата од ДУИ, во емисијата „Клан дебата“ ТВ Клан Македонија ги објави на својот интернет-портал.



ТВ Клан Македонија ги пренесува и другите најважни нагласки од искажувањата на Османи: Тој одговори на прашањето зошто бил избран да биде претседателски кандидат, а не лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според Османи, Ахмети ја одредил својата конечна цел уште пред 20 години, која има три дела: рамноправна Македонија, Македонија во НАТО и Македонија во ЕУ.

„Ахмети оценил дека важен дел од неговата голема мисија, која ја презел како аманет од генерациите, чиј е наследник, но која мисија ја добивал и од народот на секои избори во последните 15 изборни циклуси, е и јас да бидам важен дел на таа мисија. Јас да бидам дел на таа мисија, која ја нарекувам уривање на последното упориште на етничкиот монопол, што има за цел да ја нормализира рамноправноста.“ – посочи Османи. 

Улогата на претседателот на Р*В, според Бујар Османи од ДУИ е еден вид морален компас на државата. Како што вели Османи, во последните 30 години претседателот на државата беше извор на кризи. Според него, постапката за избор на претседател на Р*М  има органски дефект. Тој вели дека е тоа така, бидејќи изборот на претседател во Македонија одговара на земјите со претседателски систем.

„Претседателот е сврзно ткиво на спротивставени етнички и политички погледи, кои треба да ги одржува заедно во хармонија. Претседателот е деескалатор на постојаните етнички и политички поларизации, кои со години ја држат оваа земја во заложништво.“ – нагласи Бујар Османи.

Тој напомна дека неговата кандидирање за претседател од страна на ДУИ и од Али Ахети е поврзано и со неговото домашно и меѓународно институционално искуство. „Имам големо домашно институционално искуство. Моето искуство на меѓународната сцена ме прави единствен во претседателската трка. Сум раководел со најголемата безбедносна организација во светот, со ОБСЕ со 57 држави во неа, во која се и САД и Русија, сите земји од НАТО, ЕУ, Централна Азија и Западниот Балкан. аководев со ОБСЕ една година и постигнав таа да биде спасена во најтешките геополитички услови.“ – изјави Бујар Османи.