„Професорот по меѓународни односи Енвер Битиќи реагираше кон изјавата на кандидатот за претседател на * Македонија Бујар Османи дека изработил проект од 9 точки за решавање на кризата меѓу Косово и Србија, за ‘да не се случи најлошото’. Во објавата на фејсбук Битиќи изнесе сомнеж дека проектот на Османи е помош за Србија, а не за Косово.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, пренесувајќи ја објавата на фејсбук на д-р Енвер Битиќи, кој е, инаку, професор по меѓународни односи и политички науки во Универзитетот „Александер Мојсиу“ од Драч, Албанија.
Покрај другото, на фејсбук Битиќи пишува: Бујар Османи се појавува на различни телевизии и се обидува да ги убеди Албанците дека тој осмислил проект за решавање на кризата меѓу Косово и Србија, бидејќи се плашел дека ќе се случи најлошото. За да биде уште поубедлив, тој вели дека е и Косовец, покрај тоа што е Албанец од * Македонија. Бујар Османи бара да се отстранат сомневањата дека со тој свој проект сакал да ѝ помогне на Србија, а не на Косово. Тврди дека, напротив, сакал да му помогне на Косово.
Но, дали Османи се консултирал со косовските државни власти за својот проект, или со одредени експерти и кои? Што претставува неговиот проект? Кога Османи го изготвил својот проект, додека бил бил претседавач со ОБСЕ, дали имал пред себе некоја студија, истражување за теренската ситуација и за случувањата, кои би се развиле меѓу Косово и Србија, посебно за северот на Косово? Тој треба да ни каже како дошол до својот заклучок дека „ситуацијата беше опасна за Косово“! Кој му дал информација за ова?
По неговиот проект се случи српскиот терористички напад против Косово, во Бањска и оттука фактите и настаните покажаа дека проектот на Бујар Османи најмалку бил реалистичен. Не велам дека тој му служеше на Белград, но ако Косово го земеше предвид и ако постапеше според проектот на Бујар Османи, тогаш Србите ќе успееја во својот напад против Косово!
Добро е да ја признаеш грешката, да побараш прошка, одошто да се обидуваш и натаму да ги оправдуваш своите погрешни постапки. Ние, Албанците треба да знаеме повеќе за институцијата размислување и покајание.





