Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во идната влада, порача денеска министерот за надворешни Бујар Османи, по изјавите на Христијан Мицкоски дека претпочита по парламентарните избори да има коалиција со партијата на етничките Албанци ВРЕДИ.



Мицковски: Ахмети веќе плаче за влез во идната владејачка коалиција

„Не одлучува Мицкоски кој ќе биде претставник на Албанците. За тоа ќе одлучи народот“, вели Османи.

Според него, не треба да се зборува за коалиции на девет дена пред избори, туку треба прво да се слушне волјата на народот.

Османи најавата на Мицкоски дека по парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со „ВРЕДИ“ ја спореди како времето кога „Белград сам одбрал Рахман Морина да биде претставник на Албанците од Косово“.

Тој додаде дека се уште не е одлучено дали и кому ќе ги препорача своите гласови освоени од првиот претседателски круг на 24 април и дека одлука ќе била донесена деновииве.