Екс министерот за надворешни работи Бујар Османи со една непромислена изјава во вчерашното интервју со Васко Попетревски ја доведе неговата партија во многу лоша ситуација пред меѓународната заедница.
Дали свесно или несвесно Османи на прашањето на новинарот дали смета дека ставањето на Груби на Црната листа ќе му донесе позитивни поени на ДУИ, рече дека Груби сам си заминал од партијата.
Оваа изјава за дел од дипломатскиот кор во Скопје е шокантна затоа што многумина очекувале ДУИ да се огради од Груби а не екс вицепремиерот сам да се откаже од партијата.
Според дипломати признанието дека Груби си заминал сам за да не ја стави партијата во потешка ситуација е наивна но и нечесна затоа што ДУИ требало да биде таа која што јавно и недвосмислено ќе се откаже од својот моќен член кој беше партиски симболи во последниве десетина години.
,,Дали како што сам заминал еден ден сам и ќе се врати кога ќе посака” е прашањето кое што го поставуваат странски дипломати во Скопје шокирани од ноншалантниот однос на Мала Речица кон човекот кој е на Црната листа на САД но е поврзан и со неколку други случаи за кои се добро информирани повеќе странски амбасади во Македонија.
Овој дел од видеото е на 25 минута од интервјуто во кое Османи имаше повеќе искажани небулози
Поврзана вест
Се знае каде се крие






