Османи: Нека направи Мицкоски за албанскиот јазик пола од тоа што сторив јас за македонскиот, Албанците ќе му бидат благодарни

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи реплицира на изјавата од премиерот Христијан Мицкоски: „Човекот којшто преговараше и го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува, затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ни својот мајчин албански јазик“.



„Македонскиот јазик прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота. Потпишан првиот договор со ЕУ каде се признава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС). За меѓународната афирмација на македонскиот јазик имам повеќе јас направено отколку било кој од нив.

Нека направи премиерот Мицкоски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле“, порача Османи на Фејсбук.