Кандидатот за претседател поддржан од ДУИ, Бујар Османи, смета дека носењето на уставните измени е единствениот чекор за продолжување на евроинтеграцискиот пат на земјава.



Според него, уставните измени треба треба да се донесат пред формирање на идната влада, и веднаш по изборите.

„Видете, претседателот треба да го имаме некаде на 12 мај, да даде заклетва. Затоа велам дека тоа што треба да се направи на 13 мај е да се најде една локација во која ќе се затвориме и нема да излеземе додека не си подадеме рака.

Инаку, ќе немаме спас од овие циклуси на перманентни консекутивни политички кризи. Не можат веќе граѓаните да дозволат некој да им ја киднапира иднината поради политички авантури, зар малку ни беа 20 години“, рече Османи.

Според него, земјава во моментот се наоѓа на крстопат и изборите не се само обични избори, туку битка помеѓу два концепта: едниот концепт нуди интеграција, соживот, хармонија, прогрес и економски просперитет, а другиот – изолација, етнички тензии, конфликтност и враќање назад, рече Османи во гостување на  „360 степени“ на МРТ 1.