Екс-министерот за надворешни и висок функционер во ДУИ, Бујар Османи, вели дека ДУИ е помоќна од кога и да е, а причина за тоа била слабоста на албанскиот партнер во владата ВРЕДИ.
Османи вели дека „луѓето за првпат можат да ги споредат нашите и нивните достигнувања. Пред осум месеци ветуваа промени. Ние имавме премиер(…) Нивното најголемо достигнување е директорот на Македонската филхармонија“, рече меѓу другото Османи.
За македонскиот партнер во Владата, Османи рече дека постои договор меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и македонската олигархија „да се изберат Албанци погодни за системот“ за да се делегитимира албанскиот фактор во владата, бидејќи виделе дека Албанците се посилни“, вели Османи.
Тој не ја демантираше комуникацијата со Алијансата за Албанците на Арбен Таравари, нарекувајќи ја нормална комуникација со поранешните колеги министри кои сугерираат дека учеството во владата е штетно за Албанците. Телеграфи






