Министерот Бујар Османи реагираше на обвинувањето на пратеникот Антонијо Милошоски кој на Фејсбук сподели допис од италијанското МВР од кој се гледа дека по препорака на ЕК, 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидните пасоши со името Република Македонија до крајот на септември годинава.



Оваа одлука не ја прифатиле само две земји членки и тоа Грција и Франција, наведува Милошоски според кој Османи тоиа не го објавил (го скрил) од јавноста.

Милошоски: Османи криел дека 25 членки на ЕУ дозволиле влез состар македонски пасош

За Османи објавата на Милошоски е “дел од фабриката на лажни вести коja што ја откриле во ВМРО-ДПМНЕ“.

„Во однос на пасошите, засега не се проблем европските земји. Проблем е што МВР го има сменето законот и ги има декларирано нашите пасоши за неважечки и граѓаните не може да ја напуштат нашата граница.

Така што ние воопшто не сме стигнале до проблемот со границата на земјите од ЕУ“, вели Османи.

Тој додава дека граѓаните со македонски пасоши не можат да ја напуштат границата, бидејќи од домашните закони се декларирани како неважечки. „Но, јас досега не сум слушнал дека некој граѓанин не успеал да се врати во државата, бидејќи не можел да помине низ земји членки на ЕУ“, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање по дебатата во Старата скопска чаршија во рамки на претседателската кампања.