Без разлика што во владина коалиција е ВРЕДИ, за прашањата од интерес на Албанците, секогаш ќе мора да се разговара со „Европскиот фронт“, бидејќи тие се легитимниот претставник на втората по големина етничка заедница во Македонија.



Ова го изјави министерот за надворешни во заминување Бујар Османи, објави ТВ21.

Иако седнаа во Собранието на столчињата резервирани за опозицијата, сепак Европскиот фронт предводен од ДУИ и натаму се тврди дека тие се легитимниот претставник на Албанците и останатите етнички заедници, а не Коалицијата ВРЕДИ која ќе биде дел од власта.

Изјавата беше во контекст на прашањето за законот со кој се реконструираат министерствата и се формираат нови, беше изгласан со 88 гласови ЗА, 22 против и без воздржани.

Освен пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, од владината коалиција, поддршка дадоа и дел од пратениците од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

„Било кои разговори кои што бараат согласност од албанската заедница, од албанскиот народ, мора да се одвиваат преку легитимниот претставник. Затоа можете да очекувате и во иднина, било кои разговори за иднината на државта, кои што ќе бараат согласност и од втората по големина етничка заедница, ќе мора да оди преку легитимниот претставник.

…во име на Албанците зборуваат само тие што со мнозинство гласови се изгласани“, re;e Османи.