Османи ги повикува чаирчани со „нов бран на енергија“ да го „променат текот на времето“ заедно со Ахмети и ДУИ!

„Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи ги покани жителите на Чаир да се придружат на партискиот митинг на 27 февруари и како што вели, заедно со лидерот на интегристите, ‘да им се каже доста е на неправдите’. Османи вели дека мора да се создаде ‘нова енергија на промени’.“ – објави ТВ 21.

Телевизијата ја пренесува објавата на Османи на општествената мрежа, во која, покрај другото, тој наведува: „Граѓани на Чаир, сега е време за акција. Да бидеме заедно и со Али Ахмети едногласно да кажеме доста е за маргинализацијата, за презирот и неправдата. Да создадеме нов бран енергија, што ќе го промени текот на времето. Секој од вас е важен, за да испишеме нова поправична и подостоинствена историја за сите нас.“