„Пријателите ми се смеат кога им велам дека ако еден месец да не добијам плата, морам да се задолжам“ се пожали министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
И сите ми велат: „Нема шанси, толку години функционер…“ Еве кажувам најискрен дека еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам“,
„Мене може да ме обвините за се, ама не за корупција.
Сфатив дека корупцијата е врзана со карактерот“, изјави Османи.
„Над две илјада евра тој, уште толку од сопругата којашто е вработена во Агенцијата за електронски комуникации, значи заедно со цели 4 илјади евра месечно министерот Бујар Османи кубури – вели не смеам да останам еден месец без плата инаку ќе треба да се задолжувам, објави ТВ Алфа.
„За грев е министерот. Ве молам хумани луѓе, дајте да помогнеме… Кој со вреќа компири, кој со вреќа беашно, орис … Да преживее некако министерот, оти, “Гладен министер оро не игра”.!
2Веднаш да се постават кутии за донации во сите амбасади, оти човекот е при крај со министерувањето и со политичката кариера, го наместија да биде претседателски кандидат, а тоа значи на 8 мај станува политички неупотреблив и ќе му требаат парички.
Греота човекот 2.500 евра не му стигаат па нека учи школо од оној што зема 20 000ден или воопшто не зема како преживува или можеби тие луге се побогати од него и повеќе имаат за жалење е човекот колку е беден“, реагираат граѓаните.




