За пет години ќе биде членка на ЕУ, вети претседателскиот кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, синоќа на митингот во Дебар
„Моето прво ветување е членство на земјава во ЕУ до 2030 година. Ако имав предизвик, како министер за надворешни работи, да ги отворам преговорите со ЕУ по 17 години чекање, верувајте дека како претседател можам да го завршам процесот за членство во ЕУ во следните 5 години, ќе го искористам целиот потенцијал на Европскиот фронт, целото мое знаење, знаењето од процесите што ги водев, моето искуство, моите контакти низ светот за да го завршам овој процес во следните 5 години.
И ви ветувам дека ќе го направам тоа доколку ја добијам вашата ценета поддршка“, рече Османи.
Османи исто така, вели дека ќе го продолжи партнерството со САД, зашто, како што рече, нема поголем штета, поголемо предавство што може да му го направите на својот народ од влошување на односите со САД.
Третото ветување е ветинг, а четѕвртото е економски рамковен договор и петтата квалитетно образование.






