„Ха-ха-ха-ха-ха… Уште не можам да се сопрам од смеење на веста дека Чедомир Саздовски станал член на Централниот одбор на СДСМ… Ха-ха-ха-ха-ха… Ајде што мислам дека е некоректно кон Либерално-демократската партија што и Жерновски станал член на ЦО на СДСМ, но ова со Саздовски е врв на непристојноста што само СДСМ може да ја приреди!
Но, како што велат во македонската Топ-Шоп политика, тоа не е сè! Има уште, со попуст и на 36 рати…“ пишува политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во својата денешна колумна во која се подбива со синоќешната одлука на владејачката партија во Централниот одбор на СДСМ да влезат споменатите.
Во продолжение Ордановски пишува дека „… членовите на ЦО биле информирани од својот претседател (иако, не разбрав дали тоа било „меѓу редови“ или директно?!) дека и со Ѕинго се преговара за влез во коалицијата на власт! Мислам дека преговорите се малку „запнати“ околу тоа дали Ѕинго да го добие Министерството за земјоделие или она за здравство, но не е исклучено столетната легенда на македонската параспур-политика на крајот да заврши со свои министри и во двете министерства што ги преговара! Сепак, како и да биде, наскоро таа вест очекувајте триумфално да ви ја соопштат Ивона и Латас од насмеаниот екран на ТВ Сител!
На крајот од денешната колумна Ордановски порачува:
„ Ајде, дечки, фајронт, испијте што имате, гасите цигари, затвораме кафеана, разлаз! Ја испивме цела Македонија, до последна капка!“.





