Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој следната недела ќе го посети Доналд Трамп на Флорида однопво изрази уверување дека евентуалното враќање на поранешниот американски претседател е „единствена сериозна шанса“ за завршување на војната во Украина, пренесува АП.



Орбан исто така посочи дека евентуалното враќање на Трамп во Белата куќа може да помогне да се стави крај на конфликтот во Газа.

Политичката позиција на Трамп во неговата партија изгледа посилна од кога и да е, откако тој лесно победи на републиканските претседателски прелиминарни избори.

„Единствената сериозна шанса за мир е ако може да се врати и да постигне мир“, смета Орбан.

Во спротивно, војната меѓу Украина и Русија ќе биде долга. Враќањето на Трамп „е предуслов за силен и брз мир на европскиот континент“, вели тој.

Орбан рече дека е убеден дека ако Трамп беше на функцијата кога започна војната во Украина, „сега немаше да има војна“.