Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва по средбата меѓу американскиот и украинскиот претседател во Белата Куќа му кажа фала на Трамп користејќи ја синтагмата ,,Силните луѓе прават мир, слабите прават војна”.
Орбан е еден од ретките европски лидери кој вечерва му даде отворена поддршка а одамна се залага за крај на војната во Украина.
,,Силните луѓе создаваат мир, слабите мажи прават војна.
Денес претседателот Доналд Трамп храбро се залагаше за мир. Дури и ако на многумина им беше тешко да се свари. Ви благодариме, господине претседателе”, објави Орбан на социјалната мрежа Х поранешен Твитер по што веднаш беше споделена од најблискиот соработник на Трамп, Илон Маск.
Преходно повеќе европски лидери му дадоа поддршка на Зеленски.
Тешко е да се каже кој кого овде …





