Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Доналд Трамп „нема да даде ниту цент за украинско-руската војна“ доколку победи на претседателските избори во САД.



Тој го нарече Трамп „човек на мирот“ чии планови за промовирање мир се совпаднаа со оние на Унгарија.

Орбан: Само Трамп може да стави крај на војната во Украина

„Тој беше првиот претседател по долго време кој не започна војна во неговиот мандат, од неговото претседателствување знаеме дека е човек на мирот и сега не ги крие своите ставови, јасно стави до знаење дека неговата цел е да донесе мир во војната меѓу Русија и Украина и не сакаме ништо помалку од мир и прекин на огнот“, рече Орбан.

Унгарскиот премиер смета дека владата на САД, како и раководството на Европската унија и најголемите земји-членки на ЕУ се „провоени“.