Општина Карпош бара училиштата наместо на 15-ти месецов, топли радијатори да имаат од 1-ви ноември

Последни подготовки пред стартот на грејната сезона. Основните и средните училишта со калкулации околу обезбедување енергенси за радијаторите да бидат топли во пресрет на зимата. Градоначалникот на Ѓорче Петров за МТВ вели дека сите школи обезбедиле нафта.



И од Општина Чаир велат дека училиштата и градинките на нивна територија не ризикуваат да останат без греење и покрај заостанатите долгови кон Топлификација. Од девет училишта, пет користат централно греење, додека останатите користат нафта.

За осумте училишта во Карпош, грејната сезона ќе почне подоцна за да се заштеди.

  • На барање на Општина Карпош испораката на топлинска енергија нема да започне на 15-ти октомври, туку од 1-ви ноември за сите основни општински училишта на територија на општината што ги користат услугите на „ЕСМ Снабдување со топлина“, велат од ЕСМ.

Од ЕСМ велат дека во дел од објектите сè уште има дефекти во внатрешната инсталација, нема пристап до топлинските станици или топлинските станици немаат електрично напојување.