Вечерва се одржува седница на претседателството на Косовското собрание на барање на 43 пратеници кои бараат одржување на вонредна седница на Парламентот за Специјалниот суд за воените злосторства на поранешната ОВК.
Американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави,ги предупреди косовските власти дека САД силно се противат на промена на законот за Специјалниот суд.
Петицијата со повеќе од 15.000 потписи иницирана од здруженијата на поранешни припадници на ОВК беше поднесена во парламентот со која се бара проширување на надлежноста на Специјалниот суд и на обвиненија против Србите.
„Ова е најопасната ноќ за Косово“ изјави амбасадорот на Обединетото Кралство во Косово, Рори О’Конел.
Реакцијата ќе биде многу лоша за Косово ако се донесе одлука за укинување на Судот, рече тој.
„Не можам да кажам каква ќе биде реакцијата на Лондон. Ние секогаш сме биле искрени пријатели на Косово. Ако ова е донесен, тоа може да биде најопасниот ноќ за Косово по војната”, рече О’Конел.
Предупредувања испратија и германскиот амбасадор во Приштина Кристијан Хелт и шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталија Апостолова.
„Таквата одлука ќе ја загрози целата работа што е направена во последните неколку години во областа на владеењето на правото и ќе поткопа се што е направено за да се елиминира практиката на неказнивост“ напиша Апостолова на Твитер.
Порталот gazetaexpress.com пишува дека зад идејата за измена на Законот за Специјалниот суд стојат највисоки официјални претставници на Косово.
Пратеникот на парламентот на Косово, Илир Деда, оцени дека водачите на владејачката коалиција „одлучија да го изолираат Косово”.
„Интересот на една мала група косовски политичари не може да се стави пред интересите на граѓаните на Косово и нашата држава“, изјави Деда за новинарите во косовското собрание.
Организации кои произлегуваат од поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) започна на 15 декември петиција барајќи косовскиот парламент да го измени Законот за Специјалниот суд, така што тој ќе суди не само Албанцит, туку и сите други кои извршиле злосторства во Косово.





