ОНА во центарот на Скопје слави годишнина од првите жртви од 2001

16 февруари 2001, ОНА во Танушевци ја започна борбата за своите права, се вели во поканата за учество на т.н. Меморијална академија на која учесниците ќе го одбележат почетокот на војната пред 17 години и ќе им оддадат почит на паднатите жртви, како што се вели во најавата.



– По повод одбележувањето на 17-годишнината од почетокот на славната војна во 2001 година и првите паднати војници на ОВК имаме чест да ве поканиме да присуствувате на Меморијалната академија што ќе се одржи на 16 февруари (Петок), со почеток во 18:00 часот во Холидеј Ин во Скопје, пишува во поканата.

Како потсетување во неа се вели дека „на 16 февруари 2001 година, македонските специјални сили го нападнаа селото Танушевци и во оваа жестока битка падна првиот маченик на Ослободителната народна армија: Музафер Џафери. Музафер Вели Џафери, е роден на 1 април 1980 година во селото Танушевци во близина на Скопје“.